Македонија
10. October 2017 - 16:38

Учениците од Прилеп со перформанс на градскиот плоштад

Околу 1.200 ученици од сите основни и средни општински училишта, денеска, точно напладне, на Градскиот плоштад во центарот на Прилеп, го формираа македонското знаме во чест на големиот национален празник, Денот на македонското народно востание, 11-ти Октомври. Овој традиционален музичко-балетски перформанс, всушност е само увертира во бројните чествувања со кои денеска и утре градот-првоборец го одбележува празникот.Освен полагањето цвеќиња пред спомениците на паднатите борци, ќе го има и импровизираниот напад на градот, односно на Участакот, како и богата културно-уметничка програма.
 
Во чест на празникот денеска беше организирана и традиционалната крводарителска акција.
 
Инаку, градот под Марковите Кули, е особено горд на овој празник, бидејки токму од него, на 11 октомври 1941-та година започнала народно-ослободителната борба на македонскиот народ за ослободување од фашистичкиот окупатор.