Македонија
20. March 2017 - 13:19

Ученици од европски држави во посета на кумановското училиште „Сами Фрашери“

Триесетина ученици и  13 професори од Германија, Белгија, Франција, Шведска,Унгарија, Шпанија и Италија, преку проектот Еразмус плус се во седумдневна посета на ученици и професори од средното училиште „Сами Фрашери“ од Куманово.

Во тел на посетата учениците ќе соработуваат на повеќе нивоа, ќе работат на формирање виртуелна компанија и ќе имаат можност преку работилници и предавања да гразвиваат претприемнички вештини.
 
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска организираше прием за учениците и професорите од европските држави. Во посета на училиштето престојуваше и евроамбасадорот Семуел Жбогар.
 
Горд сум што денеска толку многу млади луѓе се гости на Куманово, како домаќини денеска ќе организираме прошетка. Учениците ќе останат до петок, ќе имаат можност да разменат искуство и ќе соработуваат, на некој начин тие пријателства можеби ќе дадат повод за натамошните активности и продлабочување на соработка со сите овие земји, изјави Дамјановски.
 
Посетата на Куманово е завршната сесија од тригодишниот проект, финанасиран од Европска унија. Во изминатиот период, информираа надлежните од училиштето „Сами Фрашери“ биле реализирани мултилатерални посети и учениците и професорите од кумановското училиште, кoи престојувале во работна посета на училиштата во Германија, Белгија, Франција, Шведска, Унгарија, Шпанија, и Италија. Целта на проектот е младите да се стекнат со работни вештини и веднаш да се вклучат на пазарот на трудот, објасни Африм Алити, координатор на проектот и професор по англиски јазик  во „Сами Фрашери“.
 
Освен што ќе имаат можност да разменат искуства и да се стекнат со работни вештини, учениците ќе имаат можност да се запознаат со културно-историските споменици во околината на Куманово, Скопје, Тетово, како и да посетат  компании.