Македонија
17. October 2017 - 12:39

Убиство во обид во поштата во Тетово: Нервозен клиент нападнал со нож вработена, контролор и таксист

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Н. (57) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“ предвидено и казниво по чл.123, во врска со чл.19 од КЗ на РМ.
 
На 14.овој месец околу 13,00 часот во  објектот на АД “Македонски пошти“ на ул.“Илинденска“ во Тетово, откако вработената Ф.А. (31) му посочила на пријавениот дека поради промена на работната смена, ќе треба да почека за уплата, пријавениот удрил со тупаница во шалтерското стакло, при што од парчињата од скршеното стакло истата се здобила со исекотина на лицето.
 
При тоа излегол контролорот С.И.(53), кој забележувајќи дека пријавениот држи нож во раката, го замолил да го напушти објектот, при што пријавениот почнал да упатува заканувачки зборови кон С.И., а потоа го нападнал со ножот, нанесувајќи му исекотина во пределот на лицето.
 
Откако пријавениот го напуштил објектот влегол во такси возило, управувано од М.А.(60), му се заканил дека ќе го убие доколку не го одвезе на одредена адреса.
 
Откако М.А. му одговорил дека има повик од други патници, пријавениот и нему му нанел две убодни рани во пределот на десната рака и една исекотина во пределот на дланката на левата рака.
 
Од страна на полициски службеници пријавениот бил приведен, а од на судија на претходна постапка му била изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.