Македонија
21. November 2017 - 16:31

Убиство во Гевгелија

Безживотно машко тело утрово е пронајдено во Гевгелија.  Мртвиот маж бил пронајден околу седум часот   во дворот на семејна куќа во близина на гевгелиската касарна,  по што веднаш била известена полицијата во Гевгелија.

Се работи за 41 годишниот Б.Р. од Гевгелија кој бил пронајден со повреди во пределот на главата.  Освен информациите за  идентитетот на лицето од полицијата не сооштуваат повеќе детали  за овој немил настан. Засега не се познати причините поради кои настапила смртта и дали се точни шпекулациите дека станува збор за убиство. 

Дали навистина се работи за убиство и доколку е така кој бил мотивот за истото или пак причината за смртта кај 41 годишниот гевгеличанец  е друга ќе  биде познато  по завршувањето на истрагата која во текот на денот  на местото на настанот ја спроведоа судските вештаци и обвинителката од Велес.