Свет
23. April 2017 - 10:38

Убиени се три лица при израелски напад врз сириски воен камп

Израелската авијација денеска изврши напад врз камп на сириската војска, при што се убиени три лица, јави израелското воено радио. 

Нападот е извршен врз кампот Ал Фавар во градот Кунеитра, во југозападна Сирија. 

Израелската војска во петокот соопшти дека напаѓале цели во внатрешноста на Сирија, како одговор на минофрлачкиот напад, што го погоди северниот дел на Голанска Висорамнина, сириската територија што е под контрола на Израел.