Балкан
21. April 2016 - 23:50

Убиецот на Јелена опколен, се чека знак за негово апсење

Белградската полиција знае кој ја уби пејачјата Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, а идентификувани се и неговите помагачи, дознава српски Курир од извори од истрагата.

-Обрачот околу организаторот и извршителот на злосторството се стега. Повеќе од сигурни сме кој ја убил Јелена, велат од полицијата.

Она што е факт е дека убиецот имал најмалку еден помагач, но заега не е јасно зошто монструмот и помошниците се уште не се уапсени.