Фудбал
3. December 2016 - 18:54

Убелив триумф на Тотенхем, а нов пораз на Лестер

 
Фудбалерите на Тотенхем забележаа убедлива победа со 5-0 во дуеолот со Свонси, а со новите три бода, лондонската екипа полака ваќа приклучот кон водечката четврорка. 
 
Затоа пак шампионот Лестер претрпе уште еден пораз и тоа на гостувањето кај Сандерленд со 2-1. 
 
На останатите натпревари од 14.коло во Премиер лигата, одиграни попладнево, беа постигнати овие резултати: 
Кристал Палас – Саутемптон 3-0
Стоук – Барнли 2-0
ВБА – Ватфорд 3-1
Манчестер сити – Челси 1-3
 
Во тек е мечот, Вест Хем – Арсенал, а утре ќе играат: Борнмаут – Ливерпул и Евертон –  Манчестер Јунајтед.
 
Колото ќе биде заокружено в понеделник со дуелот меѓу Мидлзброу и Хал.
 
Табела: Челси 34, Ливерпул (-1) 30, Манчестер Сити 30, Арсенал (-1) 28, Тотенхем 27, ВБА 20, Манчестер Јунајтед (-1) 20…