-->
-->
Убедлива победа на Вардар против Брегалница
-->
Актуелниот шампион и лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига, екитапа на Вардар забележа убедлива победа против Брегалница со 4:0.
Во натпревар од 21.коло одигран попладнево на арената „Филип Втори“ во Скопје, вардарци победата ја најавија уште во 6-минута кога со погодокот на Бобан Грнчаров поведоа со 1:0. До крајоит на првото полувреме веќе имаа и предност од 2:0, откако Хуан Фелипе Алвес Рибеиро во 37-минута го реализира ударот од пенал.
Во вториот дел уште два гола во мрежата на штипската екипа. Ховханес Хамбарџумјан во 57-минута зголеми на 3:0, а конечниот резултат 4:0 за Вардар го постави Грчаров со својот втор гол на натпреварот постигнат во 73-минута.
Од ова коло останува уште да се одигра мечот меѓу Шкендија и Младост Царев Двор, кој вчера поради лошите временски услови и големото количество на вода на теренот во Чари, беше прекинат во 66-минута. Овој натпревар ќе се игра утре со почеток во 14 часот на Градскиот стадион во Велес.
На натпреварите кои беа одиграни во неделата, Силекс со 3:0 го победи Металург, а средбите Работнички – Шкупи и Ренова - Хоризонт Турново завршија со ист резултат 1:1.
Табела: Вардар 52 бодови, Шкендија 44 (-1 натпревар помалку), Силекс 33, Работнички 31, Шкупи 31, Ренова 21, Хоризонт Турново 21, Брегалница 20, Младост 16 (-1) и Металург 13.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација