Фудбал
26. February 2017 - 15:29

Убедлива победа на ПСЖ против Шафхаузен

 
 
Ракометарите на Париз Сен Жермен забележаа убедлива победа во дуелот против швајцарскиот тим Кадетен Шафхаизен во натпревар од 12.коло во Лигата на шампионите.
 
На средбата одиграна во Париз, гостите парираа само во првото полувреме кое му припадна на домашниот тим со еден гол разлика 17-16. Во вториот дел „светсците“ заиграа на нивото на кое се очекуваше и на крајот забележаа убедлива победа со осум гола разлика 34-26.
 
Со овој триумф ПСЖ се израмни со Барселона на врвот на табелата во А групата, па сега двата тима имаат по 20 бодови, но шпанската екипа денеска против Фленсбург ќе го одигра својот меч од оваа рунда.
 
Во оваа конкуренција вчера се одиграа и средбите, Веспрем - Висла Плок 31-25 и Кил – Силкеборг 21-24.
 
И во групата Б, останува да се одигра еден натпревар и тоа средбата меѓу Киелце и ПИК Сегед.
 
На дуелите кои веќе се одиграа беа постигнати овие резултати: Вардар – Целје 35-30, ППД Загреб – Кристијанштад 26-23 и Рајн-Некар - Мешков Брест 25-24.
 
Пласман: 
А група : Барселона 20 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 14, Фленсбург 11, Кил 11, Висла Плок 8, Силкеборг 6 и Кадетен Шафхаузен 2.
 
Б група: Варда 18 бодови, Рајн-Некар 17, Киелце 14, Пик Сегед 13, Мешков Брест 12, ППД Загреб 7, Целје 7 и Кристијанштад 6.