Кошарка
5. November 2017 - 15:58

Убедлива победа на Блокотехна во дуелот против Гостивар

 
 
 
Екипата на Блокотехна забележа убедлива победа против Гостивар во мечот на досега двете непоразени екипи во домашното кошаркарско првенство. 
 
На средбата од 5.коло во прволигашката конкуренција, одигран попладнево во Гевгелија, екипата на Блокотехна го совлада Гостивар со 85:59 по четвртини 22-17, 19-16, 27-8 и 17-18. 
 
Во петтиот триумф на Блокотехна најефикасен беше Данило Мијатовиќ со 25, додека Американецот, Бенџамин Двејни постигна 18 а, неговиот сонародник Мајкл Мејлори беше стрелец на 13.
 
Кај Гостивар за кој ова беше прв пораз најпрецизен беше Јураг Сегариќ со 19 поени, додека по 15 постигнаа Ивица Димчевски и Јетмир Зекири.
 
Вечерва (19 часот) ќе се одигра натпреварот меѓу Шкупи и Работнички, додека последниот меч од ова коло Куманово - МЗТ Скопје А. на програмата е во четврток (9 ноември). 
 
Табела:
Блокотехна 5-0 (победи-порази),
Карпош Соколи 4-1, 
Гостивар 4-1,
Работнички 4-0,
Фени Индустри 3-2,
АВ Охрид 3-2,
МЗТ Скопје 2-2,
Куманово 2-2,
Пелистер 1-4,
Струмица 0-5,
Кожув 0-5,
Шкупи 0-5.