Фудбал
4. February 2017 - 19:19

Убедлива победа на Барселона против Атлетик Билбао

 
 
 Фудбалерите на Барселона забележаа убедлива победа од 3-0 во дуелот против Атлетик Билбао, на средбата од 21.коло, одиграна попладнево на „Камп Ноу“. 
 
Првиот гол за Барселона го постигна Пако Алкасер во 18.минута, а Лионел Меси во 40-тата зголеми на 2-0, што беше резултат по првиот дел. Во вториот дел единствениот гол го постигна Алекс Видал (67) за конечни Барселона – Атлетик Билбао 3-0. 
 
Во првиот натпревар од денешната програма Еспањол како гостин ја совлада Малага со 1-0. 
 
Вечерва се играат уште две средби, Атлетико Мадрид – Леганес и Валенсија – Еибар.
 
Според програмата утре требаше да се играат четири дуели, но средбата во Виго меѓу Селта и Реал Мадрид најверојатно ќе биде одложена. 
 
Во Галиција владее невреме, со силен ветер и дожд, па меѓу другото оштетени се и стадионите на Селта и Депортиво. Токму вчерашниот меч меѓу Ла Коруња и Бетис поради оваа причина беше одложен, па се очекува да биде донесена истата одлука и за дуелот Селта – Реал. 
 
Табела: Реал Мадрид 46 бодови (-1 натпревар помалку), Барселона 45, Севиља 42, Атлетико Мадрид 36,
Сосиедад 35, Виљареал 34, Атлетик Билбао 32,...