-->
-->
Убедлив пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај ФМП
-->
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром претрпе убедлив пораз со 19 разлика на гостувањето кај ФМП.
Во натпреварот кој се одигра вечерва во Белград, а во рамките на 23.коло на регионалната кошаркарска АБА лига, екипата на МЗТ Скопје Аеродром загуби од ФМП со 101:82 по четвртини 20-18, 24-19, 27-16 и 30-29.
За МЗТ Скопје ова беше 15-ти пораз сезонава во регионалното натпреварување, по кој аеродромци остануваат во опасната зона за испаѓање од лигата.
Ова беше трет натпревар од 23.рунда во АБА лигата, Во првите две средби, актуелниот шампион Црвена Ѕвезда кој пред седум дена гостуваше во Скопје убедливо го совлада Карпош Соколи со 98-61, а вчера во хрватското дерби Цедевита ја совлада Цибона со 89-85.
За утре закажани се три натпревари и тоа: Морнар - Мега Лекс, Унион Олимпија – Будуќност и Игокеа - Крка.
Колото ќе биде комплетирано дуери во петок со средбата Партизан – Задар.
Табела: Црвена Ѕвезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 17-6, Будуќност 16-6, Партизан 16-6, Цибона 12-11, ФМП 10-13, Игокеа 10-12, Карпош Соколи 9-14, Олимпија 9-13, МЗТ Скопје Аеродром 8-15, Мега Лекс 8-14, Морнар 7-15, Крка 7-15 и Задар 7-15.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање