Кошарка
19. September 2017 - 8:45

Убедлив пораз на МЗТ на гостувањето кај Арис

Македонскиот шампион МЗТ Скопје претрпе убедлив пораз на гостувањето во Солун кај Арис со 54-72 (16-18, 18-26, 9-16, 11-12).
 
МЗТ беше рамноправен само во првата четвртина, по што грчката екипа предводени од легендарниот Панајотис Јанакис, покажа дека во моментов е далеку по квалитетен тин од аеродромци.
 
Бојан Трајковски со 16 поени беше најефикасен кај МЗТ за кој Брет Бејли постигна 11, а Јуре Лалиќ 10 поени. Дамјан Стојановски реализира пет, Ерик Гарсија, Бобан Стајиќ и Даниел Џенсен по три, Андреј Маслинко два, а Игор Пенов еден поен.
 
За МЗТ Скопје ова е трет пораз во досегашниот тек од подготовките, откако претходно загуби од Бујукчекмече и Цибона на турнирот во Истанбул.
 
Тимот на Александар Тодоров, пак, победи во дуелите со турскиот второлигаш Бекиркој баскет и бугарскиот тим Левски.