Ракомет
19. September 2015 - 19:07

Убедлив пораз на Металург на стартот во Лигата на шампионите

Ракометарите на Металург со пораз ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите
 
На гостувањето во Украина, кај составот на Мотор Запорожје, екипата на Металург загуби со 30:24, полувреме 13:9.
 
Уште од самиот почеток домаќините најавија дека се пресилен противник за нашиот преставник во елитното натпреварување, па од минута во минута ја зголемуваат резултатската предност која на полувремето изнесуваше 4.гола, а на крајот на мечот и највисоки 6.
 
Во тимот од Автокоманда, најефикасен беше Јанко Божовиќ со 10 гола, додека Марко Матиќ постигна 5. 
 
Ова беше натпревар од Б група, во која во првиот меч норвешкиот тим Елверум со 31:30 славеше на гостувањето во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен , а утре ќе играат Скјерн од Данска и романската екипа Баја Маре.
 
Утре, својот прв меч од новата сезона во Лигата на шампиони ќе го има и македонскиот првак Вардар кој во терминот од 17 часот ќе го започне мечот против Монпеље на гостински терен во Франција.