Loading Video...
Кошарка
9. January 2018 - 18:37

Убедлив пораз на Кливленд на гости кај Минесота

Вицепрвакот Кливлент претрпе тежок пораз на гостувањето кај Минесота, додека шампионот Голден Стејт и високо рангираниот Хјустон немаа проблеми во синоќешните дуели од НБА лигата 
 
За многумина неочекувано но екипата на Минесота сосема заслужено го совлада Кливленд и тоа убедливо со127-99.
 
Пред крајот на третиот период актуелниот вицешампион имаше негатива од неверојатни 41 поен. Ендри Вигинс беше со 25 поени беше најефикасен во победничката екипа за која Џими Батлер постигна 21. 
 
Кај Кливленд најефикасен беше Џеф Грин со 22 поени,додека Леброн Џејмс средбата ја заврши со за него скромни 10 поени 
 
На овој меч Кајл Коревр реализира пет „тројки“ со што стигна до бројката од 2.148 тројки, а сто тоа го мина вкупно Пол Пирс на четвртото место на вечната листа на најдобри „тројкаши“. 
 
Најнеизвесно беше на дуелот меѓу Бруклин и Торонто кој гостите го добија по продолжение со 113-1114. 
 
Победа со еден поен разлика 108-107 оствари и ЛА Клиперс во дуелот против  Атланта, а очекувани триумфи забележаа и шампионот Голден Стејт над Денвер со 124-114, како и Хјустон на гости кај Чикаго 116-107.