Македонија
24. October 2016 - 18:24

Убавото време продолжува и утре, од среда драстична промена

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умеренa облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на ниска облачност и слаба магла, во текот на денот ќе се расее. Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 19 до 24 степени. 
Скопје, Сончево со мала до умерена облачност и со појава на слаба магла. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 22 степени.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
 
В среда ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд. Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува и в четврток, кога се очекуваат и нешто пообилни врнежи, особено во јужните делови.
 
Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и в петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.
 
Од среда попладне ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите за 7 до 10 степени.