Џет-Сет
17. December 2017 - 14:07

Убавица со ангелски глас - ова е наследничката на Есма

Кралицата на ромската музика, нашата Есма Реџепова почина минатата година, а зад себе остави огромно културно наследство. Важи за една од најголемите хуманитарци на денешницата. Во текот на својата 50-годишна кариера посвоила 47 синови и една ќерка. Миленичката Елеонора Мустафовска таа ја посвоила пред 6 години. Пред смртта, кралицата на ромската музика изјавила:
 
-Се сложуваме одлично, токму како мајка и ќерка. Сфатив дека е убаво да се има женско крај себе. Елеонора студираше во Скопје, а следната година ќе дипломира и соло пеење. Веќе три години е член на бендот на Есма, кој ме следи во моите настапи - рекла Есма.