Убава наставничка оди 10 години во затвор – Завела 13-годишен ученик и забременила со него
Убавата наставничка по англиски јазик од Тексас, 24-годишната Александрија Вера, на која и се заканувале 30 години затвор затоа што редовно одржувала сексуални односи со својот 13-годишен ученик и забременила од него, била осудена на многу помала казна – 10 години затвор.
Вера признала дека цели девет месеци имала речиси секојдневни сексуални односи со неименуваниот ученик, но и натаму тврди дека двајцата се сакаат и дека цело време имале поддршка од неговите родители.
Романсата траела во текот на втората половина на 2015.година и почетокот на 2016. година, а истрагата утврдила дека Вера во јануари минатата година забременила со детето, па абортирала. Обвинителот на суд рекол дека нејзината 6-годишна ќерка знаела за таа врска, па ученикот дури и го нарекувала “тато”. Исто така изјавил дека во телефонот на Вера биле пронајдени разголени фотографии од ученикот, но и дека им дозволувала на други ученици да имаат секс во нејзината куќа.
Адвокатот на Вера ја засновал одбраната на тезата дека таа самата била жртва на семејно насилство. Терапевтката Карен Лосон сведочела за одбраната дека Вера има голем срце, дека била заљубена во детето и дека има голема потреба да биде сакана бидејќи самата преживеала трауми. Ја претставил како одговорна личност која почнала да работи на 14 години, првата куќа ја купила на 21. и успеала да заврши колеџ.
Судијата ја осудил на 10 години затвор, но и дал можност, кога ќе издржи половина од казната, да поднесе молба за условно ослободување. Додал дека не верува дека таа претставува опасност по некое друго дете, но дека казната која и е одредена мора да биде пример за сите останати.
“Сте извршиле ужасно злосторство…Ова е предупредување за наставниците: доколку извршите вакво злосторство, ќе бидете сурово казнети…Сакаме наставниците да ги образуваат нашите деца. Сакаме да ги држат рацете подалеку од нашите деца”, рекол во образложението судијата Мајк Мекспејден.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок