Уапсените британски новинари во Турција обвинети за помагање на терористи
Турски суд покрена обвинение против двајцата британски новинари од „Вајс њуз“ и нивниот преведувач, кои беа уапсени во четвртокот, поради „помагање на терористичка организација“ и донесе одлука тие да бидат во притвор до почетокот на судскиот процес.
Двајцата новинари, дописникот Џејк Хенрахан и камерманот Филип Пендалбери се приведени додека известувале за борбите меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници во градот Дијабекир, кој е населен главно со Курди.
Судот во Дијарбекир донесе одлука дека новинарите, за кои не се знае која терористичка организација наводно ја помагале, да бидатр задржани во притвор.
Во соопштението на „Вајс њуз“ се осудуваат „обидите на турската Влада да ги замолчи новинарите чии известувања од регионот се од клучно значење“.
Неименуван претставник на турските власти во четвртокот изјави дека британските новинари биле во контакт со бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај