Балкан
9. November 2017 - 8:48

Уапсени над 500 мигранти и бегалци при обид да преминат во Бугарија и Грција

Турските власти во реонот на Едрене уапсија група од 575 мигранти и бегалци, кои се подготвувале да преминат нелегално во Бугарија и Грција.

Според Дирекцијата за безбедност во Едрене, бегалците се криеле во околина на местата Орхание, Сарајакпнар, Боснакој во близина на турско-бугарската граница и во Узункопру, Ипсала и Мерич во близина на грчката граница.

Пограничните власти преземале операција за нивно апсење.

Утврдено е дека мигрантите и бегалците се од различни земји: Мароко, Пакистан, Мјанмар, Авганистан, Египет и Сирија.

Откако биле идентификувани, уапсените мигранти и бегалци и се предадени на Дирекцијата за миграциски активности во Едрене.