Уапсени издавачот и директорот на грчкиот весник „Параполитика“
Атинскиот синдикат на новинари (ЕСХЕА) денеска изрази „длабока загриженост“ за климата што беше создадена по вчерашното апсење на издавачот и на директорот на весникот „Параполитика“, под обвинение за клевета и обид за изнудување.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, ваквите обвиненија ги поднесе лидерот на партијата Независни Грци и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.
- Бордот на ЕСХЕА е длабоко загрижен за климата што се создаде поради интервенцијата на органите на прогонот во канцелариите на новинарите. Новинарство мора да се практикува со одредени правила, но сите мора да ја бранат и да ја штитат слободата на печатот, стои во соопштението на Синдикатот.
Во меѓувреме, некои грчки медиуми јавија дека издавачот и директорот на „Параполитика“ најверојатно денеска ќе бидат пуштени од притвор. Тие во наредните неколку дена треба да се појават пред обвинител.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море