Уапсени двајца осомничени за поврзаност со нападите во Париз и Брисел
Белгиската полиција синоќа во бриселското предградие Лакен уапси две лица под сомнеж дека се поврзани со терориситчките напади во Париз во ноември 2015 година.
Според електронското издание на весникот „Дерниер Јор“, полицијата привела маж и жена, кои покрај за врски со нападите во Париз, се осомничени и дека им пружиле логистичка поддршка на браќата Бакрави, кои се разнесоа на аеродромот и на една метро станица во Брисел во март минатата година.
- Жената со иницијали М.Б. и нејзиниот пријател Фарад К. одржувале врски со некои терористи во времето кога по нив се трагаше од двете страни на (белгиско-француската) граница, во периодот меѓу нападите во Париз и Брисел, наведува весникот.
За време на акцијата за проведување на двајцата осомничени, белгиските полицајци биле придружувани од припадници на француската полиција и судијка од Париз.
При нападите во Париз на 13 ноември 2015 година беа убиени 130 лица, а во Брисел - 32.
Истрагата покажа дека двата напади биле извршени од членови на една иста исламистичка група, која десјствува на териториите на Франција и Белгија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка