Свет
22. February 2018 - 15:37

Уапсен противник на миграциската политика во Германија кој нападна со нож тројца бегалци

- Маж на восраст од околу 70 години беше уапсен вчера, откако во саботата со нож нападнал тројца баратели на азил за јужна Германија, изразувајќи на тој начин протест против миграциската политика на Берлин, соопшти денеска германското Јавно обвинителство.

- Маж со германско и руско државјанство, кој досега не и е познат на полицијата, од вчера е во затвор поради обид за убиство на три лица - дело поттиканто од политички и расистички мотиви, се наведува во соопштението на Обвинителството во градот Хајлброн. 

Напаѓачот, кој бил во пијана состојба, ги нападнал тројцата баратели на азил пред црква во центарот на градот. При нападот се повредени 17-годишен Авганистанец, 19-годишен Сириец и 25-годишен Ирачанец. 

Авганистанецот се здобил со серизони убодни рана, а другите двајца мигранти се полесно повредени. 

Мажот бил брзо спречен од минувачи. При апсењето тој рекол дека сакал да изрази протест против миграциската политика на Германија, која од 2015 година прими над еден милион мигранти, главно од Сирија, Ирак и Авганистан. 

Веднаш по нападот мажот бил задржан на кратко и ослободен со покренато обвинение за нанесување на телесни повреди. По неколкудневна истрага, тој е осомничен за обид за убиство, поради што вчера е повторно притворен.  

Засега не е утврдено дека напаѓачот е поврзан со некое екстремно десничарско движење. 

Според властите, во 2016 година во Германија биле извршени 3.500 напади врз бегалци и баратели на азил. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, при нападите биле ранети 560 лица, вклучително и 43 деца.