Свет
16. October 2015 - 9:09

Уапсен поранешниот премиер на Молдавија поради корупција

Поранешниот премиер на Молдавија Влад Филат уапсен е во Парламентот поради корупциски скандал, што предизвика масовни протсти и пад на националната валута.

Портпаролот на канцеларијата за борба против корупцијата рече дека пратеникот во Парламентот Филат е формално одведен на испитување поради „кражба“ на милијарди долари и оти, според молдавскиот закон, може да биде задржан во притвор 72 часа, по што судот мора да донесе одлука за неговиот статус.

Главниот обвинител на Молдавија Корнелиу Гурин побара порано денеска од Парламентот на Филат да му се одземе пратеничкиот мандат, поради кривично гонење.

- Имаме несоборливи докази дека Филат, додека бил премиер, бил директно вклучен во повлекување пари од банкарскиот систем, наведе Гурин во пишаното барање во Парламентот, за да Парламентот со големо мнозинство гласови донесе одлука за одземање на имунитетот.