Македонија
17. December 2017 - 16:23

Уапсен манијак кој напаѓал жени во Струмица

Струмичанки може да здвинат. Полицјата го фати лицето кое изминатиот месец  на неколку локации во градот сексуално вознемирувал жени.

Се работи за 35 годишен струмичанец кој во доцните вечерни часови во неколку наврати  нападнал неколку жени со намера да ги присили на сексуален однос.

Лицето било приведено синоќа на регионалниот пат Струмица Радовиш.  Против него е поднесена кривична пријава со која се товари за четири кривични дела силување, а на предлог од јавен обвинител му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена.

- Пријавениот на 17.11.2017 година, околу 03.30 часот,   со намера да  ги присили на сексуален однос лицата Ѓ.С и А.М, насилно ги влечел кон неосветлениот дел помеѓу објектот на Шумска полициска станица Струмица и сендвичара „Тинејџер“ во Струмица,    додека истите давале активен отпор и викале да ги пушти. Додека се обидувал да ги одвлече пријавениот  гласно кон нив се обраќал со вулгарни зборови. На  01.12.2017 година,  околу 00.40 часот,  на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП„Македонски пошти“, пријавениот  ги нападнал лицета Ѓ.С и Т.К, на тој начин што им се нафрлил и почнал да ги фаќа по градите и задникот додека истите давале отпор  и викале за помош, вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица

Од полицијата информираат дека пријавениот е познат извршител на кривични дела против половата слобода и половиот морал  за кои е правосилно осудуван од Основниот  суд во Струмица. Инаку ова не е прв случај за сексуално вознемирување во Струмица. Пред нешто помалку од два месеци беше фатен 21 годишен радовишанец кој неколку месеци на повеќе улици во градот напаѓал и секуално вознемирувал жени и девојки.