Свет
18. March 2016 - 18:18

Уапсен Абдеслам Салах, најбараниот терорист во светот?

Белгиските специјални единици денеска започнаа операција за апсење на единствениот преживеан терорист од минатогодишните напади во Париз, Салах Абдеслам.

Локалните медиуми тврдат дека во бриселскиот кварт Моленбек се слушаат истрели. 

Тие соопштуваат дека едно лице е убиено, а двајца се повредени. Според медиумите, еден од повредените веројатно е бараниот терорист.

Претходно белгиските медиуми објавија дека во еден стан во квартот Форе, каде е спроведена акција оваа недела, биле откриени отпечатоци на Абдеслам и дека тој е еден од двајцата мажи кои успеале да побегнат при таа операција.