Фудбал
6. September 2016 - 8:47

У_21: Македонија ја пречекува Северна Ирска (пренос СИТЕЛ 3)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вечерва од 18:45 часот на Националната Арена го игра деветтиот натпревар од групата 3 од квалификациите за Европското првенство 2017. Противник на нашата селекција е соодветната репрезентација на Северна Ирска.

Македонија со 15 бодови се наоѓа на делба на првите две места со Исланд, додека Северна Ирска е последна во групата со 1 бод.
Покрај овој натпревар од групата се играат и другите два дуела: Украина - Шкотска почеток 17:30 часот и во дербито на колото Франција - Исланд (почеток 18:45 часот).
Пренос од натпреварот Македонија - Северна Ирска можете да гледате на програмата на СИТЕЛ 3.