-->
-->
У_21: Македонија гостува на Северна Ирска
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во рамките на квалификациите за ЕУРО 2017 вечерва го игра третиот натпревар од групата. „Црвено-жолтите“ гостуваат кај Северна Ирска, а натпреварот се игра на „Мурневју Парк“ во Лурган.
Македонската репрезентација по двата одиграни натпревара има по една победа (Украина дома) и еден пораз (Исланд на гости).
Против селекцијата на Северна Ирска репрезентацијата до 21 година играше и во квалификациите во 2012 година кога Македонија постигна две победи, водено тоа беше и последниот триумф на гостински терен.
Селекторот Благоја Милевски најави уште пред заминувањето дека ги има стартните 11. Се очекува вечерашниот дуел да го почнат: Алексовски, Мурати, Муслиу, Зајков, Демири, Барди, Николов, Аврамовски, Бабунски, Маркоски, Радески.
Натпреварот Северна Ирска – Македонија почнува во 18 часот, а од групата 3 денеска играат и Шкотска – Исланд.
Табела: Исланд 10 бодови (4 натпревари), Франција 3 (2), Македонија 3 (2), Шкотска 3 (2), С.Ирска 1 (2), Украина 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април