Фудбал
25. March 2017 - 21:54

У_18:Македонија подобра од домаќинот Летонија

Маккедонската фудбалска репрезентација до 18 години славеше убедлива победа од 3:1 против домаќинот Летонија на турнирот „Четири нации“ во Рига. 
 
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ денеска беа надмоќни во текот на целиот натпревар, а посебно во првото полувреме кога го решија прашањето околу победникот.
 
Во 24. минута Димитар Митровски го постигна водечкиот гол за Македонија по асистенција на Дарко Чурлинов. Младиот фудбалер на германски Келн, Чурлинов во 39. минута беше фаулиран во шеснаесетникот на Летонија, а судијата оправдано покажа на белата точка. Митровски беше сигурен реализатор на пеналот за удвојување на предноста. На минута до крајот на полувремето, Митровски со прекрасно додавање ја заокружи својата одлична партија, а Богдановски го даде третиот гол за Македонија. 
Во продолжението Летонија успеа само да го намали резултатот преку Пуринис во 75. минута. 
 
Македонија со четири бодови е на првото место на турнирот. Во последниот круг за противник ќе ја има репрезентацијата на Норвешка.