Фудбал
14. October 2016 - 16:42

У-21(бараж): Србија ја избегна Шпанија

Репрезентацијата на Србија ја избегна фаворизираната Шпанија во баражот за пласман на ЕП во Полска наредната година за млади фудбалери. Нашиот северен сосед ќе разигрува против Норвешка а со Шпанците ќе се надигруваат Австријците.Првите средби од извлекувањто што се одржа во швајцарскиот град Нион ќе се одиграат  на 7. а реваншите  на 15. ноември. Двете подобри селекции од плејофот ќе им се приклучат на Македонија, Германија, Англија, Италија, Шведска, Португалија, Чешка, Словачка, Полска и Данска.
 
Шампионатот ќе се игра од 16. до 30. јуни следната година. Ждрепката за групите за ЕП ќе се одржи на 1. декември.