Фудбал
19. May 2017 - 14:29

У-21: Саул Нигез ја предводи Шпанија на ЕП во Полска

Селекторот на младата репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес, го објави списокот на играчи со кои ќе настапи на Европското првенство во Полска.
 
Шпанија во Б групата, покрај Португалија и Србија, ќе биде еден од противниците на младата репрезентација на Македонија.
 
„Црвената фурија“, според составот, ќе атакува на титулата во оваа категорија на фудбалери.
 
Селекторот Селадес во тимот има веќе докажани играчи на европската сцена како Саул Нигез од Атлетико Мадрид, Гаја (Валенсија), Инаки Вилијамс (Атлетик Билбао), Џерар Делофеу (Милан), Денис Суарез (Барселона), Хектор Белерин (Арсенал), Ојерзабал (Реал Сосиедад), Марко Асенсио (Реал Мадрид).
 
Македонија токму против Шпанија ќе го отвори настапот на Европското првенство за играчи до 21 година. Дуелот ќе се игра на 17 јуни, од 20:45 часот, во Гдиња. Потоа младите македонски фудбалери ги очекуваат дуелите со Србија (20 јуни, 18 часот, Бидгошч) и Португалија (23 јуни, 20:45 часот, Гдиња).