Фудбал
24. March 2016 - 19:53

У-21: Македонја – Исланд 0:0

Во натпревар на две изедначени селекции гостите од Исланд го освраија посакуваното и останаа непоразени во Скопје и освоија голем бод.

Најзрелата шанса во првиот дел ја имаше Бобан Николов, но неговиот удар за малку беше непрецвизен.

На почетокот на вториот дел Македонија постигна гол преку Ангелов, но поради офсајд беше поништен.

Кон средината на вториот дел нашата селекција во период од две минути имаше можност да постигне гол, но мрежата на Рунарсон остана не затресена.

Гостите од Исланд можност да постигнат гол имаа во последната минута, но голманот на Македонија Алексовски ударот го исфрли во корнер.