Фудбал
12. јуни 2017 - 13:41

У-21: Македонија замина по нови изненадувања во Полска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска некаде околу 13 часот со специјален чартер авион замина за Гдањск на ЕП во Полска. 

На прес конференцијата на која присуствуваа селекторот Благоја Милевски и Ѓоко Зајков беше изразено уште еднаш задоволство од шансата што ја  обезбеди оваа генерација фудбалери да се промовира на големо натпреварување како една од најдобрите 12 селекции. 
Милевски изјави дека подготовките течат во најдобар ред и дека може да биде опасно ако некој од противниците не потцени. 
Првата средба Македонија ја игра на 17.јуни со Шпанија во терминот од 20.45ч.