Фудбал
23. August 2016 - 19:28

У-21: Македонија во септември игра против Шкотска и Северна Ирска

Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, денеска свое видување за очекувањата од првиот натпревар со Шкотска во Единбург на 2 септември.

- Составот за натпреварите кои ни следуваат против Шкотска и Северна Ирска е ист како и на претходните две пресметки против Франција и Украина. Натпреварите се значајни, немаме простор, а ниту време за експериментирање или обука на нови играчи. Овие фудбалери во тековните квалификации играат одлично и ова е еден вид награда за оствареното досега. Знаат каква е атмосферата, што се бара од нив и подготвени се тактичките замисли да ги работат на тренинг и применат на натпревар, изјави Милевски на денешната прес-конференција.

Предводникот на македонските фудбалски надежи се соочува со проблеми со повредени фудбалери, а токму поради таа причина во составот не е повикан напаѓачот на унгарски Ујпешт, Виктор Ангелов.

- Се соочуваме со здравствени проблеми, Ангелов стори се што е во негова моќ за да се стави на располагање, но дефинитивно повредата го спречува. Ја следиме ситуацијата со Радески и Амановиќ кои исто така имаат проблем со повреди, но се надеваме дека ќе можат да се стават во функција на тимот. За мене најважно е и по натпреварите кои играчите ги имаат викендов да останат здрави и целосно да се посветат на репрезентативните настапи, рече Милевски.

Тој очекува тежок натпревар против Шкотска, репрезентација која во своите редови има фудбалери кои настапуваат во реномирани екипи.

- Со Шкотска не очекува тежок меч. Имаат одлични фудбалери кои настапуваат во квалитетни екипи од Англија и Шкотска. Но, ние и досега одлично се носевме со силни репрезентации и верувам дека и овојпат ќе биде така, вели селекторот Благоја Милевски.

Македонија е на 3.место со 12 бода и со реални шанси за пласман во баражот, а со малку среќа и директно учество на Европското првенство.