Фудбал
13. October 2015 - 20:14

У-21: Македонија славеше во С. Ирска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во квалификациите за ЕП. Триумф на гости од 2-1 против селекцијата на С. Ирска. 

По неколкуте убави шанси во првиот дел кои не ги искористија Барди, Муслиу и Аврамовски домаќините со погодокот на  Џош Доерти во 43м поведоа со 1-0. 
Во вториот дел вистински потег на селекторот Благоја Милевски со внесувањето во игра на Виктор Ангелов кој одлично му асистираше на Барди во 46м за израмнување а победата ја обезбеди одличниот Маркоски во 85м  откако претходно Бабунски погоди пречка.