Фудбал
15. March 2016 - 19:55

У-21: Македонија домаќин на лидерот на групата Исланд

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски за квалификациските натпревари против Исланд и Франција на 24 март во Скопје и 28 март на гостински терен во Ле Ман најави офанзивна игра.

- Добро ја анализиравме селекцијата на Исланд. Се работи за тим кој го краси извонредна дисциплина на теренот. Играчкиот квалитет и потенцијал се на наша страна, но мораме да бидеме сконцентрирани во текот на сите 90. минути. Мислам дека нема да ни се повтори тој психолошки пад од 15-ина минути од првиот натпревар против Исланѓаните кој на чуден начин го загубивме. Мора да имаме агресивен пристап и така ќе биде се додека сум селектор, Македонија ќе игра офанзивен фудбал, без разлика дали играме против Исланд или против Франција, дополни Милевски.

Во пресрет на двата квалификациски натпревари, македонската репрезентација се наоѓа на третата позиција во Групата 3, со седум освоени бода, четири помалку од лидерот Исланд и три од Франција, но и со натпревар помалку.