Фудбал
13. October 2016 - 19:03

У-21: ЕП во Полска во 6 града, финалето во Краков

Уште траат импресиите од големиот успех на нашиот млад национален фудбалски тим кој обезбеди учество на Европското првенство во Полска наредната година.  10 селекции веќе се пласирани а уште 2 места ќе бидат познати по одигрувањето на баражот. Извлекувањето на двојките за баражот е утре во 13ч во Нион. 
Македонија направи подвиг освојувајќи го првото место во третата квалификациска група и ќе биде единствениот дебитант на првенството. Сега ќе го почекаме 1. Декември кога ќе ги дознаеме противниците од групната фаза. 
ЕП ќе се одржи од 16-30 јуни а 12-те селекции учеснички ќе бидат поделени во три групи од по 4 екипи.   Првопласираните репрезентации во групите и најдобрата второпласирана селекција ќе се пласираат директно во полуфиналето. 
Натпреварите ќе се играат во 6 града, тоа се Краков, Лублин, Гдиниа, Тичи, Кјелце и Бидгошч. 
Финалето е на 30-ти јуни  на стадионот на Краковија во Краков. 
Титулата ја брани селекцијата на Португалија а рекордер е Италија со 5 титули. 
 
https://