-->
-->
У-21: ЕП во Полска во 6 града, финалето во Краков
-->
Уште траат импресиите од големиот успех на нашиот млад национален фудбалски тим кој обезбеди учество на Европското првенство во Полска наредната година. 10 селекции веќе се пласирани а уште 2 места ќе бидат познати по одигрувањето на баражот. Извлекувањето на двојките за баражот е утре во 13ч во Нион.
Македонија направи подвиг освојувајќи го првото место во третата квалификациска група и ќе биде единствениот дебитант на првенството. Сега ќе го почекаме 1. Декември кога ќе ги дознаеме противниците од групната фаза.
ЕП ќе се одржи од 16-30 јуни а 12-те селекции учеснички ќе бидат поделени во три групи од по 4 екипи. Првопласираните репрезентации во групите и најдобрата второпласирана селекција ќе се пласираат директно во полуфиналето.
Натпреварите ќе се играат во 6 града, тоа се Краков, Лублин, Гдиниа, Тичи, Кјелце и Бидгошч.
Финалето е на 30-ти јуни на стадионот на Краковија во Краков.
Титулата ја брани селекцијата на Португалија а рекордер е Италија со 5 титули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот