-->
-->
У-19: Пораз од С. Ирска
-->
Македонската репрезентација до 19 години загуби против селекцијата на Северна Ирска во рамките на второто коло од Уефа мини - квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза. На стадионот во Инофроцлав нашите фудбалери беа поразени со минимални 2:1.
Во првиот дел избраниците на селекторот Јетон Несими одлично и парираа на репрезентацијата на Северна Ирска, се играше доста тврдо со многу прекини и голема битка на средината на теренот. И двете селекции пропуштија по неколку изгледни прилики за постигнување погодок, но на полувреме се заминаа без реализација. Најсериозни можности кај нас имаа Емил Абаз и Агон Хани
Во продолжението противникот одиграа поангажирано, посигурно и успеа да слави победа. Резултатот го отвори Меки во 59. минута. Многу брзо нашите фудбалери ги консолидираа редовите и во 60. минута го возрватија ударот. Елиф Елмас погоди за 1:1. Меклин во судиското продолжение успеа да погоди за предност и голема победа на Северна Ирска на дуелот со Македонија.
УЕФА квалификациски турнир, Полска.
Репрезентации до 19 години: СЕВЕРНА ИРСКА - МАКЕДОНИЈА 2:1 (0:0)
Македонија: 1. Ристо Јанков 2. Виктор Стојковски 3. Михаил Маневски 4. Агон Хани 6. Есмин Личина 7. Емил Абаз 8. Елиф Елмас 10. Давор Здравковски (к) 11. Албан Сулејмани 15. Антонио Митрев 17. Даниел Миловановиќ ; Селектор: Јетон Несими;
Клупа за резервни фудбалери: Нехар Садиќи, Агон Хани, Милан Ристовски, Христијан Стевковски, Дарко Додев, Ване Јованов, Јани Атанасов;
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море