Фудбал
21. March 2018 - 11:05

У-19: На терените на ФФМ против Летонија

Денеска во Скопје стартуваат елитните квалификации за ЕП во Финска.
Македонија во првиот меч денеска од 14ч игра против Летонија на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Втората средба помеѓу Англија и Унгарија се игра во истиот термин на Аренат Филип Втори.
Според пропозициите на УЕФА само првопласираните селекции од секоја група од елитната фаза ќе учествува на следното ЕП во Финска.