Кошарка
29. July 2016 - 19:19

У-18:Во Скопје свечено отворено ЕП во кошарка

Вечерва во с.сала Борис Трајковски свечено беше отворено ЕП за кошаркари до 18 годин, од Б-дивизијата.

Присутните ги поздравија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претседателот на МОк, Васил Тупуркоски.

          На првенството играат вкупно 24 селекции.  Нашата репрезентација во овие моменти го игра дуелот  со репрезентацијата на Бугарија во  салата Борис Трајковски каде ќе ги игра сите натпревари. Останатите групи се на програмата во Јане Сандански и Кале.