Фудбал
21. March 2018 - 11:25

У-17: Во Полска по виза за ЕП во Англија

Македонија денеска на турнирот во Полска ги започнува квалификациите од Елитна фаза на УЕФА за пласман на ЕП во Англија.
Првиот натпревар е попладнево од 17ч во Легница против селекцијата на Ирска.
На вториот меч играат домаќинот Полска и Грузија.На двете првопласирани селекции им е гарантиран настап на ЕП во Англија од 4. до 20. мај. Само најлошата второпласирана селекција од Елитната фаза во сите 8 групи нема да игра во Англија.