Фудбал
9. November 2015 - 12:21

У-17: Нигерија останува светски првак

Репрезентацијата на Нигерија успеа да ја одбрани светската титула  во конкуренција на фудбалери до 17 години што е рекорден 5-ти трофеј за оваа селекција во оваа категорија фудбалери. 

Во финалето на мундијалот во Чиле популарните „ Суперорли“ ја совладаа селекцијата на Мали со 2-0. 
За триумф на шампионатот им беа потребни 6 победи а беа поразени само од селекцијата на Хрватска. 
Во битката за 3. место  Белгија го совлада Мексико со 3-2.