Фудбал
22. April 2017 - 14:46

У-14: Триумф на Македонија на развојниот турнир во Ерменија

Македонската репрезентација до 14 години го освои првото место на УЕФА турнирот на академии во Ерменија. Нашите млади фудбалери предводени од селекторот Звонко Златановски во последниот дуел беа подобри од селекцијата на Белорусија. Македонија беше подобра по изведување на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 1:1. 
 
Македонија дојде во водство преку Славче Живков на стартот на второто полувреме, а противникот израмни со удар од единаесет метри. Токму пеналите требаше да одлучат кој ќе биде победникот на овој меч, а нашите млади фудбалери се покажаа како одлични изведувачи на најстрогата казна и славеа со вкупно 6:5.