Македонија
3. May 2017 - 16:49

Тврдењето на Заев дека со Србија управува националистичка власт го предизвика гневот на српскиот државен врв

Силни реакции од официјален Белград по интервјуто на Зоран Заев за српски Курир во кое тој раководството на Вучиќ го нарече националистичко. Во првата прилика кога се загрози кариерата на новоизбраниот претседател на Србија, Тој ги покажа неговите националистички позиции, изјави Заев.

Српскиот државен врв експресно ја осуди оваа изјава на Заев. Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ оценува дека пријателите на Србија не се однесуваат онака како што настапил лидерот на СДСМ.

Не знам со што Александар Вучиќ и Владата на Србија заслужија ваков брутален и скандалозен напад од страна на претендентот за местото македонски премиер Зоран Заев. Зарем не му се доста проблемите кои ги има во Скопје, па сега ги бара и во Белград. Зошто Заев не ги напаѓа Рама и Тачи, туку Вучиќ? Не е тој толку наивен за да не знае дека концептот на Голема Албанија не е комплетен без Скопје, наведува Дачиќ во изјава за Танјуг.

Изјавата на Заев во која тој власта во Србија ја нарекува недемократска, ја осуди и српскиот министер Александар Вулин. Тој го запраша лидерот на СДСМ по чија наредба ги искажал навредите..

Дали нападот на Вучиќ, Заев го смисли сам или тоа му го рекоа Рама, Тачи или Џафери? – прашува министерот Вулин.

Реагираа и од Демократската партија на Србите во Македонија.. Во писменото соопштение се наведува:

Вчерашните изјави на Зоран Заев се доказ за неговата неконзистентност и елементарно непознавање на состојбите како во Србија, така и во целиот регион. Неговото однесување е навреда и непочитување на коректниот однос на Србија која избегнува мешање во внатрешните работи на Република Македонија., се вели во реакцијата на Демократската партија на Србите.

Инаку, Заев во интервјуто за српски Курир зборува и за случајот Монструм.. Тој вели дека во затвор се луѓе за кои нема доволно докази дека го сториле делото.

Во вчерашното интервју за српски Курир, Заев вели дека Македонците и Србите се братски народ – во ист ден, Тој и за бугарска агенција БГНЕС рече дека граѓаните на Македонија и Бугарија се идентичен и братски народ.

Во интервјуата Заев вели дека, Македонците може да поддржат одредена политика, проекти или мерки, но нивниот глас е од второстепено значење во Македонија. Правилото победникот да ја претставува волјата на мнозинството на народот важи само за Албанците и останатите етнички заедници, не и за Македонците.