Свет
16. August 2017 - 10:49

Твитот на Обама против насилството најпопуларен во историјата

Твитот на поранешниот американски претседател Барак Обама по повод насилствата во Шарлотсвил е најпопуларен во историјата на Твитер.

Обама во твитот го цитира Нелсон Мандела, а има речиси три милиони „ми се допаѓа“ откако е поставен на 13 август, по насилствата во Шарлотсвил во Вирџинија.

- Никој не се раѓа со омраза кон другите поради бојата на неговата кожа, потекло или вера... Луѓето мора да научат да мразат, а ако можат да научат да мразат, можат да научат и да сакаат, бидејќи љубовта повеќе прилега на човечкото срце отколку нејзината спротивност, напиша Обама, цитирајќи го Мандела.

Твитот е пропратен со фотографија на која Обама се смее со четири деца од различни раси. Фотографијата потекнува од 2011 година, кога Обама го посети дневниот центар во Мериленд.