Фудбал
16. December 2015 - 10:42

Твенте исфрлен од Европа!

Фудбалскиот сојуз на Холандија (KNVB) три сезони му забрани на Твенте настап во европските купови и парично го казни со 42.250 евра, поради лажирање на документацијата која е потребна за издавање лиценци за настап во евро куповите, но и поради фактот дека претседателот на клубот заедно со една менаџерска агенција го оштетил клубот од трансферите на играчи.
 
KNVB, исто така, му наложи на Твенте да ги отстрани сите неправилности до крајот на сезоната, а доколку не го стори тоа, ќе биде префрлен во Третата холандска лига.
 
Истражителите откриле дека претседателот на клубот Алдо ван дер Лен се согласил неименуваната менаџерска агенција на клубот да му плати пет милиони евра за 10 до 50 отсто од правата за седуммина фудбалери. 
 
Откако целата афера заврши, претседателот поднесе оставка. 
 
Твенте низ историјата еднаш бил првак на Холандија (2010) и трипати го освоил националниот Куп.