Македонија
23. March 2017 - 16:23

ТВ Нова со протест пред канцеларијата на ОБСЕ

Вработените во ТВ НОВА и денеска излегоа на едночасовен протест. Овојпат пред канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.

Тие доставија и писмо до ОБСЕ во кое што ја објасниле ситуацијата со која се соочува ТВ НОВА, по барањето од СЈО за притвор на нивниот сопственик Сеад Кочан.

Поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје побараа и од Здружението на Бошњаците, чии што претседател е Сеад Кочан.

Велат дека станува збор за политички монтиран случај.

Од ТВ НОВА најавуваат дека и во следните денови ќе продолжат со едночасовните протести на разли локации во Скопје.