Балкан
13. March 2017 - 11:06

Тужба против Хрватска за усташките злосторства во Втората светска војна

На Хрватска и е доставена групната тужба за исплата на отштета во висина од 3,5 милијарди долари за злосторствата извршени врз хрватски Срби, Роми и Евреи во текот на Втората светска војна, што лани во мај пред Суд во Чикаго ја покренаа неколку лица, објави загрепскиот весник „Вечерњи лист“.

Со тужбата се бара исплата на отштета за жртвите, нивните наследници и членови на семејствата и тоа не само за материјална штета за одземениот имот, туку и за малтретирањата што ги претрпеле во усташките концентрациони логори.

Тужителите тврдат дека Хрватска е одговорна за исплата на овој надомест како „правен наследник“ на квислиншката творба Независна Држава Хравтска (НДХ).

Извор во хрватското Министерство за надворешни работи за „Вечерњи лист“ потврдил дека тужбата и е доставена на Хрватска преку Американската амбасада во Загреб. 

- Министерството прими нота од Амбасадата на САД, која се однесува на тужбата во предметот „Лалиќ и останатите против Република Хрватска“, покрената пред Окружениот суд на Северниот округ на Источното подрачје на Илионос, изјавил истиот извори за весникот.

Министерството официјално не дава информации и не сака да ја коментира тужбата, но изворот на „Вечерњи лист“ тврди дека таа е неосонована.   

Според него, денешна Хрватска не е правен наследник на некогашната НДХ, па од таму и не може да биде одговорна за злосторствата извршени од страна на усташкиот режим.

- Тоа е видливо уште во основите на Уставот, каде е наведено дека Хрватска се базира на темелите на суверенитетот изразен во одлуките на Земското антифашистичко собрание на народното ослободување на Хрватска (ЗАВНОХ), наспроти постоечката НДХ, вели изворот на „Вечерњи лист“.