Бизнис
30. October 2017 - 19:46

Тутунарите очекуваат повиска откупна цена на тутунот оваа година

На петнаесетина дена пред стартот на раниот откуп на тутунот, тутунопроизводителите од прилепско веќе го дособраа годинашниот род од нивите, и како што велат, бидејќи квалитетот е добар, годинава очекуваат и повисоки откупни цени од деветте откупни компании, меѓу кои е и прилепскиот Тутнски комбинат, од каде неодамна најавија дека средствата за откуп на тутунот од годинашнава реколта веќе се обезбедени, притоа не прецизирајки по која откупна цена ќе се откупува родот.
 
Инаку, годинашната тутунска реколта е специфична. Тутунот е со добар квалитет, но, количините се нешто помали од очекуваните. Од Пелагонија се очекуваат 16 илјади тони тутун, при што најмногу од долненско, околу 6 илјади и од прилепско до 5 илјади тони тутун. На државно ниво, разликата од побарувачката до реалната понуда годинава изнесува околу 5 илјади тони ориентален тутун.